Натпреварите од 12-тото коло во Втората машка кошаркарска лига ќе се играат денеска и утре. 

Програмата ја отвораат Работнички 2 и Куманово 2009, а веднаш по овој меч следува и дербито.

Тоа ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 16 часот, каде вториот тим на МЗТ Скопје го пречекува второ рангираниот состав на табелата Маџари.  Аеродромци натпреварот го дочекуваат од четвртата позиција, со бод и победа помалку од противникот.

Епилогот од овој меч ќе го чека пред се трето рангираниот Шкупи кој во утрешниот меч со Водно Санс важи за фаворит.

Речиси во иста ситуација е и петто рангираниот состав на Ангели кој ќе биде домаќин на Тетекс.

Кај лидерот на табелата и досега не поразен состав на МКК Куманово гостува велешки Борец. Интересно се очекува да биде и во Прилеп, каде Мега баскет ќе ги угостат штипските Соколи.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
саботата
13.00 РАБОТНИЧКИ 2 – КУМАНОВО 2009
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – ТЕТЕКС
19.00 МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ
недела
20.00 ВОДНО САНС – ШКУПИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи 21, МЗТ Скопје У.Б. 21, Ангели 19, Борец баскет 18, Соколи 17, Мега Баскет 16, Водно Санс 16, Работнички 2018 16, Тетекс 14, Куманово 2009 11.