Екипата на Вардар донесе ново засилување на бековската позиција. Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ потпиша договор најмалку до крајот на оваа сезона.
Гојковиќ претходните три сезони играше во тимот на Бнеи Херзлија од Израел. Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион на Србија во 2019 и 2020 година со екипата на Металопластика од Шабац. Тој има настапувано и за репрезентацијата на Србија.
„Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси.
Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука.
Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето во Скопје.
Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи“, вели Немања Гојковиќ.
Во тимот на Вардар ова е второ засилување откако претходно потпиша голманот Марко Богдановски.
Ивона Кимовска