Фудбалерите на Вардар заминаа за Анталија каде ќе ги продолжат подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска лига.
Новиот тренер Михајлов и вардарци ги очекува тешка задача во борбата за опстанок во прволигашкото друштво.
Како подобро би се подготвиле тие во турскиот туристички центар ќе минат десет дена.
Таму ќе одиграат и пет контролни натпревари практичлно секој втор ден почнувајќи од задутре (29 јануари)
Спаринг партнери на црвено-црните ќе бидат: Заглебие Лубин (Полска), Аркадак (Туркменистан), Металург Бекабег (Узбекистан), Креузлингер (Швајцарија) и Колос (Украина)