Екипата на Атлетико Мадрид ре последниот четврти патник во полуфиналето на шпанскиот Куп.
Фудбалерите на Атлетико пред своите симпатизери ја совладаа Севиља со 1-0 во четвртфиналната рунда.
Во 26-тата минута Антоан Гризман на „смешен“ начин промаши пенал.
Домаќините и во продолжението беа по конкретни и напаѓаа. Таквата игра резултираше со голот на Депај во 79.минута за водство од 1-0.
И кога сите очекуваа мирен крај на натпреварот, во 95-минута Пабло Мариос направи кардинална грешка по која беше досуден пенал за Севиља. Сепак по сугестија од ВАР собата судијата Манцано ја преиначи одлуката, за делириум и радост меѓу навивачите на Атлетико.
Така Атлетико им се приклучи на Мајорка, Сосиедад и Атлетик Билбао.
Ждрепката за полуфиналето ќе се одржи утре, а во оваа рунда ќе се играат по два натпревари, 7 и 28 февруари. Финале е закажано за 6 април.