македонскиот женски ракометен шампион, Ѓорче петрв го дозн противникот за четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп.
„Лавиците“ од Ѓорче за место меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување ќе се борат со шпанската екипа Елче.
Првиот меч ќе се игра во Шпанија, на 9 или 10 март, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.
Доколку Ѓорчепетровки го минат Елче во полуфиналето повторно би имале шпанска екипа. Ждрепката посака Ѓорче петров за евентуален противник да го има победникот од дуелот меѓу Гранољес и Гран Канарија.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП (жени) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ЕЛЧЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ГРАНОЉЕРС – ГРАН КАНАРИЈА
БЕНФИКА – ЈАЛИКАВАСПОР
МИХАЛОВЧЕ – КАБУТЕР ВЕНЛО
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 20/21 и 27/28 април.