Екипата на Џирона продолжува со одличните настапи во шпанската Ла Лига. Тимот кој сезонава е најпријатното изненадување не само во Шпанија туку во цела Европа, забележа нова победа.
Овојпат Џирона пред своите симпатизери ја декласира Севиља со 5-1.
Иако имаа негатива од 0-1 уште во 10-тата минута кога за гостите погоди Ромеро, во продолжението следуваа три гола на Артем Довбик.
Украинскиот фудбалер за само шест минути оствари хет-трик.
Израмни во 13-тата, а во 15-тата донесе предност на својата екипа од 2-1. Веќе во 19-тата минута да го постигне и третиот гол за 3-1.
Во вториот дел (56-минута) во листаа н стрелци се запиша и неговиот сонародник Виктор Циганков за 4-1. Конелните 5-1 за Џирона ги постави Стуани во 89-тата минута.
Со оваа победа и новите бодови Џирона се врати на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот од Бадалона сега има 52 бодови еден повеќе од Реал кој има и натпревар помалку, како и Барселона која е трета со 44 бодови.