Ракометарите на Голден Арт повторно се во „погон“. Тренерот Филип Глигоров и неговиот асистент Марко Нелоски ја имаа првата прозивка.
На располагање ќе ги имаат истите оние ракометари со кои и го започнаа првенството во Супер лигата.
Составот на тимот од скопската населба Аеродром, засега останува не променет. Но, и амбициите остануваат исти, уживање во играта, собирање на што повеќе бодови и освојување на лидерското место во плеј-аут конкуренцијата, велат од клубот.
Според плановите на стручниот штаб РК Голден Арт ќе одигра и неколку пријателски средби пред почетокот на првенството.