Ракометарите на Охрид по кратката пауза, денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во плејпф конкуренцијата на Супер лигата.
Тренерот Стевче Алушовски на стартот од подготовките на располагање ги има речиси сите играчи.
На почетокот недостасуваат интернационалците од Јапонија и Грузија.
Хироки Матсуока настапува за Јапонија на Азиските игри и ќе му се придружи на тимот во Србија. Теимураз Орјоникидѕе на тимот ќе му се приклучи по завршување на настапот на Европско првенство.
Пипуларните „Гладијатори“ до 17 јануари ќе тренира во Охрид, по што заминува за Атина каде за три дена ќе одигра три контролни натпревари со Дукас, Олимпијакос и Аек.
Во подготвителниот период Охрид ќе одигра и контролни натпревари во Србија.
На 23 јануари во Шабац ќе се сретне со Металопластика, на 25 ќе игра со Динамо Панчево, по што ќе настапи на турнирот во Врбас. На тој турнир освен домаќинот ќе играат и екипите на Војводина и Црвена Звезда.
Пред враќањето дома Охрид во Србија ќе одигра уште еден контролен натпревар со Дубочица.