Фудбалерите на Милан го совладаа Сасуоло на „Сан Сиро“ со 1:0 во натпреварот од 18. коло од Серија А.
„Росонерите” беа подобар ривал и заслужено стигнат до трите бод.
Домашните постигнаа гол веќе во осмата минута. Исмаел Бенасер ја затресе мрежата на Сасуоло, но овој гол беше поништен поради офсајд.
Милан продолжи да напаѓа, но гостите добро се бранеа се до 59. минута. Тогаш на сцена стапи американскиот офанзивец Кристијан Пулисиќ кој го постигна единствениот гол на натпреварот.
Со оваа победа и и вкупно 36 бодови Милан повторо е само на 3.место на табелата со три бода повеќе од Фиорентина.
Второ рангираниот Јувентус (40 бодови) вечерва ја пречекува Рома.