Селекторот на младата машка репрезентација на Македонија, Радослав Стојановиќ го презема ГРК Тиквеш. 

Како што информираа кавадарчани Стојановиќ е именуван за нов тренер на Тиквеш, а доаѓа на местото на Никола Малевски. 

,,Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари.

Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натпревар и за секој бод во плејофот“,

изјави Стојановиќ. 

Кавадарчани секако имаат амбиции за висок пласман е позициите кои водат на европската сцена следната сезона. Предизвикот за Стојановиќ и неговите ракометари ќе биде голем, а конкуренцијата силна.