Лука Дончиќ не е единствениот кој може да погоди од половина терен свртен со грб кон кошот. Словенецот тоа неодамна го стори како загревање пред натпреварот со Далас на кој оствари трип-дабл.
Но, Лука има достоен, па можеби и подобар ривал од него во Македонецот, Ристо Спасов.
Наставникот по физичко образование во О.У. „Никола Карев“ во Радовиш, речиси секојдневно го прави тоа.
Кога нема часови и не игра тенис, редовно ја практикува кошарката, па не е ни чудно што популарниот „Клинсман“ може да погоди како Дончиќ. Или…. Лука како Ристо ….
Ваша е оценката за уметничкиот впечаток, чиј кош е поубав.