На домашната спортска, пред крајот на календарската година, единствено активни се кошаркарите. За оваа 2023-та останува да се одиграат само уште два натпревари од 13-тото коло.

Првиот од нив ќе се игра попладнево во Гостивар. Кај истоимената домашна екипа гостува актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Аеродромци важат за фаворити во овој натпревар, но со новиот тренер, екс-селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков, гостиварци имаат свои амбиции. Колку за овој краток период Давитков можел да ги поправи работите останува да видиме. Домаќините се во низа од четири порази која сакаат да ја прекинат, а гостите да ја продолжат победничката серија која изнесува девет натпревари.

Натпреварот ќе почне во терминот од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Календарската 2023-та утре ќе ја заокружат Работнички и Пелистер.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Вторник

18.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
Среда
18.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Претходно одиграно
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 81-86
ВАРДАР – ФЕНИКС 89-104
АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД 96-88
ЧАИР – ТФТ 81-63

ТАБЕЛА: Еуро Никел 23, МЗТ Скопје Аеродром 23, Чаир 22, Пелистер 21, Работнички 20, Феникс 20, ТФТ 20, Кожув 16, Гостивар 16, Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15.