Актуелниот освојувач на фудбалскиот Куп, екипата на Македонија Ѓорче Петров го претстави своето ново, четврто засилување во зимскиот преоден рок.

Станува збор за искусниот Крсте Велкоски поранешен македонски репрезентативец.

Велковски е искусен напаѓач со интернационална кариера, и настапи во клубови во Романија, Кипар, Јужна Кореја, Босна и Херцеговина и Тајланд.

Тој во редовите на „лавовите“ доаѓа од градскиот ривал Работнички и дефинитивно ќе биде добро освежување во офанзивната линија.

Велковски е четвртото засилување, откако во Ѓорче петров пристигнаа Бразилецот, Џонатан Балотели кој своевремено играше за Вардар. Пред него беа ангажирани уште еден Бразилец, Џонатас Жилберто да Силва и Шпанецот, Давид Родригез Лопез.

Екипата на Македонија ГП есенскиот дел од сезоната го заврши на 13.место и ја чека тешка битка за опстанок. Воедно ѓорчепетровци ќе треба да го бранат трофејот во националниот Куп.