Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, денеска беше извршена ждрепката за четвртфиналните групи во Купот на Македонија во двете конкуренции мажи и жени.
Актуелниот победник во купот, битолски Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ќе ја започне со дуелот против Куманово, а во групата се и Струга Тиквеш.
Шампионот Вардар пак го очекува дуелот против Охрид, додека се чини нај интересниот пар од првата рунда го сочинуваат новиот суперлигаш Алкалоид.
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ГРУПИ – МАЖИ
ГРУПА 1 ВАРДАР – ОХРИД ЈУНИОТ К.В. – СКОПЈЕ | ГРУПА 2 РАДОВИШ – Е. ПЕЛИСТЕР 2 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ |
ГРУПА 4 СТРУГА – ТИКВЕШ КУМАНОВО – Е. ПЕЛИСТЕР | ГРУПА 4 СТРУГА – ТИКВЕШ КУМАНОВО – Е. ПЕЛИСТЕР |
Дербито кај дамите е уште во првата рунда во која шампионот Ѓорче Петров ќе игра против Чаир. Бранителот на трофејот во купот, Металург ќе стартува во дуелот со Овче Поле.
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ГРУПИ – ЖЕНИ
ГРУПА 1 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СКОПЈЕ – СПАРТАК | ГРУПА 2 ВАРДАР – ШАМПИОН ДЕСПИНА – КУЗМАН ВАРДАР |
ГРУПА 3 СТРУЖАНКА – АСТИБИ ОВЧЕ ПОЛЕ – МЕТАЛУРГ | ГРУПА 4 ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА екипата на КУМАНОВО е слободна |
Натпреварите ќе се играат во периодот од 17 до 19 март, а доколку никој не се пријави за организатор на турнирот по групи, тогаш дуелите ќе се играат на теренот на прво извлечените (домаќини) екипи од паровите.
Пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир ќе обезбедат победниците од групите, а според календарот ќе се одржи во мај месец.