вечерва се одиграа воведните два натпревари од 17.коло во италијанската Серија А.
Екипата на Милан се спаси од срамен пораз на гостувањето кај Селернитана во последната минута. Фиорентина пак со победа над Монца изби на 4.место на табелата.
Тимот на Милан се изнамачи да освои бод кај последно пласираната Салернитана и одигра 2-2.
Иако гостите од Милано поведоа уште во 17.минута со голот на Томори, во продолжението следуваше пресврт. Фацио во 42-та и Кандрева во 63.минута и донесоа предноста на Салернитана од 2-1. Милан се мачеше буквално да стигне до израмнување. За тоа се погрижи Лука Јовиќ по асистенција на Жиру во 90-тата минута.
Фиорентина пак со голот на Беллтран постигнат уште во 7.минута победи на гостувањето кај Монца.
Милан е на 4,место на табелата со 33, а Фиорентина веднаш зад него со 30 бодови.
Двете првопласирани екипи Интер (41 бод) и Јувентус (37) своите натпревари од ова коло ќе ги играат утре.