Странските засолување во редовите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и не се покажаа којзнае колку. Затоа разбирлива е одлуката на раководството на клубот да им се заблагодари на соработката.
По Португалецот, Дејвис, од денеска и Данецот, Андреас Јохан Нилсен повеќе не е дел од битолскиот клуб.
Како што информираат на РК Еурофарм Пелистер тие спогодбено ја прекинале соработката со Данецот.
„Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.
Сепак, поради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб.
РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен“.
За очекување е дека во зимската репрезентативна пауза, пелитерци сепак да доведат нови засилувања во својот табор, кои би помогнале во одбраната на титулата.