Супер интересно и исполнето со пет голови беше дербито од 14.коло во германската Бундес лига.
Дуелот одигран во Дортмунд му припадна на гостинскиот тим. Лајпциг забележа триумф против Борусија славејќи 3:2.
На самиот почеток на натпреварот домаќините остана „десеткуван”. Матс Хумелс заработи црвен картон.
Резултатот беше отворен со автоголот на Бенсебаини. Зиле изедначи на крајот на првиот дел. Баумгартнер зголеми на 2-1.
„Милионерите“ се обидуваа да стигнат до израмнување, но Поулсен во самиот финиш (90+1) зголеми на 3-1. Веднаш Фулкрух намали на 3-2, но немаше време за израмнување, па со тој резултат заврши натпреварот.
Со оваа победа Лајпциг се зацврстија на 4-та позиција со 29 бода по 14 одиграни кола. Борусија Дортмунд е веднаш зад нив со 25 бода.
Андреј Велјаноски