Фаворитите не дозволија изненадувања во дуелите од 10.коло на Втората лига.
Иако требаше да биде дерби, дуелот во Кисела Вода доминантно им припадна на домаќините. Ангели со убедливо 97-79 славеа во натпреварот против штипските Соколи.
Веќе во 4.минута имаа и прва двоцифрена предност 17-07. Прва четвртина ја добија со +17 (33-16). И во вториот период домаќините продолжија во ист ритам. Добрата одбрана им донесе дузина лесни поени. Во 16.минута Ангели имаа и 24 поени предност (52-28). Во самиот финиш на полувремето имаа и најголеми 32 разлика (62-31), а на одмор заминаа со 62-35.
Доминацијата Ангели ја продолжија и во второто полувреме во кое имаа и 38 поени предност 74-36. На крајот сосема заслужено Ангели ги освоија двата бода со конечни 97-79.
Лесен и убедлив триумф остварија и екипите на Водно Санс и МЗТ Скопје У.Б., а малку потешко но, заслужено и Шкупи се радуваше во Велес.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ВОДНО САНС – КУМАНОВО 2009 115-60
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 60-68
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 103-67
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 97-79
Недела
18.00 МКК КУМАНОВО – МАЏАРИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ТЕТЕКС
ТАБЕЛА: МКК Куманово 18 бодови, Шкупи 18, Маџари 17, Ангели 17, МЗТ Скопје У.Б. 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 11, Тетекс 10, Куманово 2009 9.