Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ за Претседателот на Србија е македонски и српски кошаркар!?
Антиќ тера политичка кампања низ Србија и е една од главите „ѕвезди“ на владејачката партија на Александар Вучиќ.
На вчерашниот митинг на на Српската напредна странка во Врање, Вучиќ го претстави Антиќ, како легендарен македонски и српски кошаркар!?
Намерно или не Вучиќ ги измеша брзините или!!!???
Антиќ беше лично присутен, па и пофален од претседателот на Србија за поддршката која ја дава на владејачката партија на нашиот северен сосед во претстојните избори.
Инаку Антиќ отворено даде поддршка на политичката кампања на Српската напредна странка, притоа заборавајќи или не знаејќи дека тоа е против статутот (Уставот) на федерацијата која ја предводи.