Втората машка кошаркарска лига стигна до десеттата рунда. Имајќи го в предвид досега прикажаното, како и изгледот на табелата во ова коло не очекуваат неколку интереси натпревари.

Сепак дербито на двете прворангирани на табелата МКК Куманово и Маџари е во преден план. Овој натпревар е еден од двата кои ќе се играат утре (недела).

Од денешните четири дуели ги издвојуваме оние во Велес и Кисела Вода.

Екипа на Борец баскет ќе има шетка задача во дуелот со трето рангираниот тим на табелата Шкупи. Составот на Ангели кои се веднаш зад водечкото трио, доколку сакаат да ја сочуваат позицијата ќе мора да слават во дуелот со Соколи. На штипјани пак потребна им е победа за да го одржат чекорот со екипите во горниот дел од табелата.

Во тој дел на поредокот е и вториот тим на МЗТ Скопје кој го пречекува прилепски Мега баскет. Младиот состав на Водно Санс не би требало да има проблеми во дуелот со Куманово тим кој досега се нема израдувано на победа.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
14.30 ВОДНО САНС – КУМАНОВО 2009
15.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ
17.00 АНГЕЛИ – СОКОЛИ
Недела
18.00 МКК КУМАНОВО – МАЏАРИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ТЕТЕКС

ТАБЕЛА: МКК Куманово 18, Маџари 17, Шкупи 16, Ангели 15, МЗТ Скопје У.Б. 15, Борец баскет 14, Соколи 13, Мега Баскет 12, Водно Санс 12, Работнички 2018 11, Тетекс 10, Куманово 2009 8.