Фудбалерите на Њукасл ја остварија осмата победа во Премиер лигата сезонава. Тие вечерва на домашен терен во последниот дуел од саботната програма од 14.коло со 1:0 го победија Манчестер Јунајтед и го мина на табелата и се пробија на петтата позиција со 26 бодови.
Тимот на Њукасл беше подобар ривал во првиот дел, но неговите играч не постигна гол. Ентони Гордон на асистенција на Керан Трипиер ја затресе мрежата на гостинската екипа во 55.минута. Со напади домашниот тим го одржуваше водствот се до моментот кога во 86.минута им се повреди голманот Ник Поуп и на негово место влезе Мартин Дубравка. Во судиското надополнување гостите преку Хари Мегваер постигнаа гол, но поради офсајд беше поништен.
Манчестер Јунајтед остана со 24 бодови на седмата позиција.
Утре ќе биде комплетирано 14.коло во Премиер лигата, а дербито од 17:30 часот го играат Манчестер Сити и Тотенхем.