Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одиграат 5 натпревари од 17-тото коло, со почеток во 13 часот.

Дербито на колото ќе се одигра во Чаир каде што гостува екипата на Шкендија. Моментално екипите на Шкупи и Шкендија го делат првото место со идентичен број на бодови, па од тука не очекува фудбалски спектакл во борбата за првата позиција.

Во Штип ќе се сретнат екипите на Брегалница и Воска Спорт. Двете екипи имаат ист број на бодови и се наоѓаат на претпоследната позиции, па овој натпревар ќе им е многу битен за да избегаат од опасната зона.

Работнички во Скопје ќе ја дочека екипата на Брера Струмица. Очекуваме доста интересен натпревар поради тоа што двете екипи се наоѓаат на средина од табелата со по 20 бодови, а на последните три натпревари и двете екипи имаат по еден пораз, една победа и еден нерешен резултат.

Откако се подобрија временските услови можеме повторно да следиме фудбал во Кратово. Силекс пред својата публика ќе ја угости екипата на Гостивар која не знае за пораз од седмото коло.

Актуелниот шампион, екипата на Струга ТЛ гостува на „жешкиот“ терен во Кавадарци. Тиквеш пред својата публика е секогаш опасен и знаел да одигра одлични натпревари, а се надеваат дека така ќе биде и денес. 

ПРВА ЛИГА – 17.КОЛО
недела (13 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л.
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
вчера
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1

Standings provided by Sofascore