Новајлијата во второлигашката конкуренција, екипата на Маџари е нов лидер на табелата, барем до утре. 

Екипата предводена од Перо Блажевски ја оствари и осмата победа сезонава. Пред своите симпатизери Маџари го совлада Борец баскет со 82-64.

Во воведните 6.минути гостите од Велес имаа предност. Сепак во продолжението домаќините во заиграа подобро во одбраната. Тоа донесе резултат и на првата пауза заминаа со четири предност (21-17). Првата двоцифрена предност Маџари ја стекна во 14.минута кога поведе со  +12 (35-23), предност со која замина на на полувреме 42-30.

Кошаркарите на Маџари не застанаа тука. Во 27.минута имаа и +21 (62-41). Од тој момент стана јасно дека домаќините ќе се радуваат на победа, а конечниот резултат беше 82-64.

До својата трета победа сезонава стигнаа и кошаркарите на Мега Баскет. Тие пред својата публика во Прилеп го совладаа Водно Санс и се пробија на осмото место на табелата. 

Од оваа рунда, останува да се одигра уште дерби дуелот. Во Штип утре Соколи го пречекуваат не совладливост досега МКК Куманово. 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 82-64
МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС 97-88
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018 97-71
ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК 90-72
КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ не одиграна (0-20)
Недела
18.00 СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: Маџари 17, МКК Куманово 16 (-1), Шкупи 16, Ангели 15, МЗТ Скопје У.Б. 15, Борец баскет 14, Соколи 12 (-1), Мега Баскет 12, Водно Санс 12, Работнички 2018 11, Тетекс 10, Куманово 2009 8.