Екипите на Еурофарм Пелистер постигнаа победи во денешните натпревари од 13.коло од двете групи од Супер лигата. Воедно битолчани ја искористија предноста на доашниот терен. Еурофарм Пелистер 2 ја совлада Струга, додека првакот Еурофарм Пелистер беше подобар од Пролет 62.

Резултати на натпреварите одиграни во сабота 2.декември:
Аеродром – ГРК Охрид 30:37
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 22:17
Бутел – Вардар Неготино 26:19
Еурофарм Пелистер  – Пролет 62 32:21
Голден Арт КЛ7 – Прилеп 28:18

На претходно одиграните натпревари: Алкалоид – МРК Куманово 29:12 и Мулти Есенс – Вардар 23:40.

Утре се игра последниот натпревар од колото меѓу Скопје 2020 и ГРК Тиквеш со почеток во 15 часот.

Табела А група: Алкалоид 39 бодови, Тиквеш 30, Охрид 30, Струга 18, Еурофарм Пелистер 2 15, Аеродром 13, МРК Куманово 4, Скопје 2020 2.

Табела Б група: Еурофарм Пелистер 36, Вардар 36, Бутел 24, Пролет 19, Голден Арт КЛ7 17, Прилеп 10, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 6.