Ракометарите на Вардар немаа никакви проблеми да стигнат до триумф во дуелот со Мулти Есенс.

Во натпреварот од 13-тото коло одигран попладнево во „Јане Сандански„ вардарци го совладаа Мулти Есенс сo 40-23 и ја остварија 12-тата победа.

По почетните 1-0 за тимот од Автокоманда, вардарци врзаа низа од четири погодоци. Како одминуваше времето така разликата се зголемуваше. На полувреме црвено-црните заминаа со +9 (20-11).

Второто полувреме беше само чиста рутина, па на крајот Вардар славеше со конечни 40-23.

Во победничката екипа Милан Лазаравски со 7 и  Томислав Јагуриновски беа најефикасни. Кај гостите, а воедно и на натпреварот најмногу голови постигна Валентина Карасманакис, додека Олег Јорданов беше стрелец на шест.

Останатите натпревари на програмата се утре.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 13 КОЛО – Б група
петок
МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР 23-40
сабота
18.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР Неготино
19.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
19.00 ГОЛДЕН АРТ – ПРИЛЕП

ТАБЕЛА: Вардар 33 бодови, Еурофарм Пелистер 33, Бутел Скопје 21, Пролет 19, Голден Арт 14, Прилеп 10, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 6