Супер интересен и неизвесен натпревар одиграа ракометарките на Вардар и Металург Автокоманда.

Дербито од 10.коло во женската Супер лига заврши им припадна на гостинките со 23-24.

Во првото полувреме гостинките беа оние кои подобро се снајдоа. По почетното водство на вардарки, Металург поведе со 4-3. Во продолжението се играше рамноправно се до 8-8. Гостинките направија серија од 4-1 и поведоа со 12-9. Таа предност ја сочуваа и на паузата меѓу двете полувремиња (14-11).

Со погодокот на почетокот на второто полувреме Металург стигна до највисоката предност од +4 (15-11). Но, тука застанаа. Вардарки предводени од Ивона Трпевска и максималната реализација на ударите од 7.метри (11 од 11) успеаја да направат пресврт. Поведоа домаќинките со три разлика 20-17.

Крајот на драмата не беше тука бидејќи во последната минута, Металург успеа да ја врати предноста 24-23. Радевска во последниот напад ја погоди стативата и не успеа да му донесе израмнување на својот тим.

Поразновиден беше нападот на Металург, па шест ракометарки се впишаа во листата на стрелци. Најмногу имаше Теодора Гулицоска 9 (5 од 5 од 7.мести, а Трајковиќ заврши со пет гола.

Кај вардарки само три ракометарки се впишаа во листата на стрелци. Ивона Трпевска постигна вкупно 13 (11 од 11 од 7.метри), Сара Стефаноска постигна 7, а Бојана Коцева 5.

За вардарки ова беше само втор пораз сезонава, но Металург со осмиот триумф изби на второто место на табелата.

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат викендов.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – следно 10.КОЛО
петок
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ А. 23-24
сабота
13.00 ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
15.30 КУМАНОВО – СКОПЈЕ
недела
12.00 АСТИБО – СПАРТАК
12.00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА
17.00 ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА
19.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 27 бодови, Металург Автокоманда 21 (+1), Вардар 22 (+1), Чаир 22,  Куманово 21…