Деветтото коло од Втората кошаркарска лига носи неколку интересни натпревари. Само дербито ќе се игра во недела, додека останатите дуели на програмата се денеска (сабота).

Програмата ќе биде отворена точно на пладне со дуелот Шкупи – Тетекс во кој чаирчани се изразити фаворити.

„Малото вечно дерби“ меѓу вторите екипи на МЗТ Скопје УБ и Работнички 2018 следува во „Јане Сандански“.

По нив, Ангели треба да ја оправдаа фаворитската улога против Куманово 2019 тим кој досега нема ниту една победа.

Второпласираната екипа на табелата Маџари ќе го пречека велешки Борец баскет кој на последните натпревари игра во добра форма. Во истиот термин во Прилеп ќе играат Мега баскет и Водно Санс.

Недела е „резервирана“ за дербито во Штип каде Соколи ќе му се спротивстават на досега не поразениот МКК Куманово.

 Најинтересните натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА – 9.КОЛО
Сабота
12.00 ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018
18.00 КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС
19.00 МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела 
18.00 СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Маџари 15, Шкупи 14, Ангели 13, Борец баскет 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Соколи 12, Водно Санс 11, Мега Баскет 10, Работнички 2018 10, Тетекс ТТК 9, Куманово 2009 8.