Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се играат натпреварите од претпоследното 5.коло во групната фаза. Досега се познати шест екипи кои веќе обезбедија пласман во нокаут фазата. 

Од екипите кои кои ќе играат вечерва само два тима се сигурни осминафиналисти. Актуелниот шампион Манчестер Сити и германскиот Лајпциг ќе играат меѓусебно за 1.место во „Г“ групата. Затоа пак вториот натпревар меѓу Јанг Бојс и Црвена Звезда решава за третата позиција и настап во Лигата на Европа. 

Од останатите три групи, само тимот на Антверпен нема шанси за понатамошен настап во Лигата на шампионите. Сите останати се со свои калкулации. Антверпен му гостува на Шахтјор.  Доколку украинскиот тим победи ќе се израмни со бодовите со Барселона и Барселона кои играат меѓусебно. 

Шкотскиот Селтик иако досега освои само еден бод, теоретски може да мине во следната рунда. За да се случи тоа ќе мора да победи вечерва против Лацио во Рим и на следниот натпревар. Но, тоа не му гарантира пласман, бидејќи ќе мора да се поклопат и резултатите од останатите натпревари. 

Најголема неизвесност секако ќе има во т.н. „група на смртта“ во која четирите тимови се во разлика од само три бодови. Борусија која е во „пол-позиција“, вечера ќе гостува на „Сан Сиро“ кај Милан. Во Париз, на „Паркот на Принцовите“ ПСЖ ќе го пречека Њукасл кој заостанува зад конкурентите.

Досега пласман во осминафиналето имаат обезбедено: Манчестер Сити, Лајпциг, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Интер и Сосиедад. 

Е група
18:45 ЛАЦИО – СЕЛТИК
21:00 ФЕЕНОРД – АТЛЕТИКО М.

Standings provided by Sofascore

Ф група
21:00 МИЛАН – БОРУСИЈА Д.
21:00 ПСЖ – ЊУКАСЛ

Standings provided by Sofascore

Г група
21: 00 МАНЧЕСТЕР С. – . ЛАЈПЦИГ
21:00 ЈАНГ БОЈС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Standings provided by Sofascore

Х група
18:45 ШАХТЈОР – АНТВЕРПЕН
21:00 БАРСЕЛОНА – ПОРТО

Standings provided by Sofascore