Македонскиот репрезентативец Енес Барди постигна гол за својата екипа Трабзонспор во натпреварот со Хатајспор што заврши со победа на Хатајаспор со 2-1.
Капитенот на македонската репрезентација на фантастичен начин, со глава, во деветтата минута, му донесе предност на својот тим од 1-0 со која Трабзон замина и на паузата меѓу двете полувремиња.
Сепак тоа не беше доволно да се освои барем бод во дуелот со екипата која е на овој меч беше трета, но од долниот дел на табелата.
Имено Ел Каби во 47-та израмни на 1-1, а две минути подоцна (50) со голот на Јилдрим, домаќините стигнаа до комплетен пресврт, и водство од 2-1 кое го сочуваат до крајот на средбата.
Со оваа победа Хатајспор сега се проби на 14-место на табелата, додека Трабзон остана шесто со дури 10 бодови помалку од лидерот Галатасарај.