Репрезентацијата на Хрватска е последниот 21-ви патник на Европскиот шампионат, кој обезбеди пласман преку квалификациите.
Во последното коло од „Д“ групата, Хрватска на „Максимир ја совлада Ерменија со 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Будимир во завршницата на првото полувреме. На „Коцкестите“ за кои тоа ќе биде шесто учество на ЕП, работа ќе им завршеле и „реми“.
Ова бидејќи Велс на домашен терен одигра 1-1 против Турција.
Така на Турција која веќе го имаше обезбедено пласманот на ЕП и се приклучи Хрватска.
Велс шансата за настап на континенталниот шампионат ќе ја бараат преку баражот од Лигата на нации закажан за март месец следната година.
Покрај домаќинот Германија, досега пласман на ЕП обезбедија:
А група: Шпанија и Шкотска.
Б група: Францији и Холандија
Ц група: Англија и Италија
Д група: Турција и Хрватска
Е група: Албанија и Чешка
Ф група: Австрија и Белгија.
Г група: Унгарија и Србија
Х група: Данска и Словенија
И група: Романија и Швајцарија
Ј група: Португалија и Словачка.
Последните три учесници ќе бидат познати дури следната година по одигрувањето на натпреварите од плеј-офот што се закажани меѓу 21 и 26 март
Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.