Поранешниот македонски олимпиец, пливачот, Александар Маленко најави дека ќе се кандидира за претседателската функција на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Маленко на својот Фејсбук профил го најавува ова. Тој потенцира дека наскоро (пред Нова година), ќе има вонредно Изборно собрание на МОК.
Тој притоа опишувајќи се себеси, пишува кави карактеристики треба да има Претседателот на МОК.
Веќе подолго време Маленко ја критикува работата на актуелниот претседател на МОК, Даниел Димевски изнесувајќи низа на обвинувања.
Некогашниот олимпиец, неодамна сподели и извршна одлука со која тој и натаму е прв човек на македонското пливање. Од друга страна Пливачката федерација го обвини за фалсификат и нелегитимност.