Реал Мадрид во натпревар исполнет со се, од голови, пресврт, продолженија и црвен картон, го елиминираше градскиот ривал, Атлетико Мадрид во купот на Шпанија
Поранешниот играч на Реал Мадрид, Алваро Мората, во 19. минута по одлична aкција на неговите соиграчи и асистенцијата на Молина го совлада, чуварот на мрежата на ,,Кралевите”, Тибо Куртоа. Се делуваше во знакот на Атлетико се до 79-тата минута, кога Родирго по добра соло акција успеа да го совлада Јан Облак и да го израмни резултатот на 1-1.
Антоан Гризман пропушти одлична шанса во 84-тата минута да го врати водството на својот тим а со тоа веројатно и да донесе пласман во полуфиналето, но резултатот остана непроменет.
Се беше мирно до деветтата минута во првото продолжение, кога Стефан Савиќ направи непромислен потег, па откако стартуваше недозволено, заработи втор жолт картон, што значеше и исклучување.
Избраниците на Анчелоти, одлично ја користеа бројчаната предност, па најпрво се заканија преку Рудигер, кој од непосредна близина биеше непрецизно. Меѓутоа притисокот вроди со плод само две минути по шансата на Рудигер, откако во 104-тата минута, Винициус маестрално шутираше и го погоди дирекот од голот на Јан Облак, а одбиената топка ја пречека Карим Бензема кој мирно реализираше и донесе пресврт и предност за својот тим.
Атлетико Мадрид немаше сили во второто продолжение со играч помалку посериозно да се закани. За да во 121 минута Винициус повторно ја затресе мрежата на Јан Облак за конечни 3-1.
Во втората четвртфинална пресметка вечерва, Атлетик Билбао беше поуспешен од Валенсија и славеше победа со 1-3.
Резултатот го отвори Муниаин со својот гол во 35-тата минута за предност од 0-1, а Валенсија се врати во натпреварот со автоголот на Де Маркос во 43. минута. Билбао набрзо повторно се врати во водство со голот на Вилијамс во 45-тата минута.
Конечните 1-3 за Атлетик Билбао ги постави Везга од пенал во 74-тата минута од натпреварот.