Екипата на Чаир има сериозни амбиции сезонава во Првата кошаркарска лига. Чаирчани тоа го потврдуваат со новото засилување.
Станува збор за повремениот македонски репрезентативец Ваљмир Какруки. Тој се враќа во домашниот шампионат откако изминатите две сезони играше во екипите на Башкими и Сигал Приштина.
Какруки треба да ја засили играта под обрачите, настапувајќи пред се на позицијата четири.
Екипата на Чаир по седум одиграни кола има пет победи и е во групата четири екипи со 12 бодови, еден помалку од лидерот МЗТ Скопје.