Ноќеска во НБА лигата се одиграа четири натпревари. 

Бостон на домашен терен го победија Њујорк  со 114:98 и стигнаа до осмата победа сезонава. Како клучна се покажа серијата од 11:2 за водство од 91:88. Таквата предност Сетикси не ја испуштија до крајот. 

Најдобар во победничките редови беше Џејсон Тејтум со 35 поени, шест скока и седум асистенции. Тој постигна дури 17 во последната четвртина. Џејлен Брунсон ги предводеше Никс со 26 поени.

Торонто заостануваше со 23 поени на домашен терен против Вашингтон (71:48) на почетокот на третата четвртина, но Репторс направија пресврт и на крајот победија со 111:107. Ова ги доведе до 5-5, додека Визардс намалија на 2-8.

До победата ги предводеше Паскал Сијакам со 39 поени, 11 скока и седум асистенции. Кајл Кузма со 34 поени беше најдобар кај Вашингтон.

Милвоки Бакс продолжуваат со солиден старт на сезоната стигнувајќи до шестата победа. На гостувањето кај Чикаго, ги совладаа Булси со 118:109 нанесувајќи им го седиот порази.

Јанис Антетокумпо оствари дабл-дабл со 35 поени и 11 скока, додека кај поразените најдобар беше Црногорецот, Никола Вучевиќ со 26 поени, 12 скока и пет асистенции.

Последниот натпревар на вечерта се одигра во Сакраменто каде домашните Кингс го победија Кливленд Кавалирс со 132:120. По три четвртини водеа со 21 разлика (110:189), а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот, за нивни шести сезонава.

Четворица играчи постигнаа 20 или повеќе поени. Најмногу  Де’Арон Фокс 28, на кои додаде и шест асистенции. Кај Кавалирс најефикасен беше Донован Мичел со 22 поени и пет асистенции.