Осмото коло од женската Супер лига ни донесе еден дерби натпревар помеѓу екипите на Чаир и Куманово. Чаир го победи тимот на Куманово со 34:32.
Двете екипи влегоа мотивирани и се играше израмнето се до седмата минута. Чаир успеа да создаде минимална предност од 6:8 но, домашната екипа веднаш израмни на 8:8. Во 17-тата минута гостинките повторно поведоа со +2 (12:10).
Во поголемиот дел од оваа половина се играше нерешено и неизвесно. Гостите успеаја да поведат со минимални 19:17 . На полувреме резултатот беше 19:18 за екипата на Чаир.
Во втората половина Чаир со серија 4-0 успеа да поведе со 22:18. Во 45-тата минута Чаир успеа да зголеми на +6 (30:24).
Куманово се обидуваа да израмнат но, гостите не дозволија и успешно ја одржуваа оваа предност. Крајниот резултат беше 34:32.
Најефикасна од екипата на Чаир беше Озкан Севданур со девет погодоци , а од Куманово Величковска ,Ѓошевска и Зечевиќ дадоа по осум гола.