На „Артемио Франки“ во Фиренца гледавме типичен Серија А натпревар каде Јувентус се бранеше и победи со минимални 0:1.
Старата Дама по којзнае кој пат покажа како се чува резултат и како се доаѓа до целосен плен.
Младиот 20 годишен Мирети во 10-тата минута донесе предност за Јувентус.
Се по десеттата минута и припадна на домаќините но Шчесни и одбраната ги одбија сите напади на домаќините.
За Јувентус ова е четврта победа по ред со што се зацврсти на втората позиција и ја продолжи бркотницата со Интер за првата позиција.