Фудбалерите на Хајденхајм му одржаа леција по фудбал на Штудгард. Фаворитот беше немоќен губејќи на натпреварот со 2:0.
Иако поседот на топка беше кај Штудгард тоа не изгледаше така.
Поопасни беа фудбалерите на Хајденхајм. Иако направија и пенал вешто се одбранија бидејќи Силас беше неуспешен.
Потоа гостите останаа во шок бидејќи примија два гола во 70-та и 94-та минута. Стрелци беа Шопнер и Клајндинст.
Иако поразени Штудгард остануваат на 3.та позиција во Бундеслигата со 21 бод.
Оваа победа за домаќините е значајна во борбата за опстанок. Со 10 бода се на 13.та позиција, 4 бода од 16.та позиција.
Андреј Велјаноски