Ракометарките на Металург Автокоманда во 7.коло од женската Супер лига ја пречека екипата на Гевгелија. Домашната екипа беше незапирлива и ја совлада Гевгелија со огромни 43:9.
Металург го стартуваше натпреварот со серија 6-0. Домаќинот само ја зголемуваше предноста , па во 20-тата минута поведоа со +10 (13:3). На полувреме резултатот беше 22:5.
Во петтата минута од втората половина, Металург имаше и 20 голови разлика 25:5. Домашната екипа беше незапирлива па во 26-тата минута зголеми на +32 (39:7). Крајниот резултат беше 43:9.
Најефикасни од Металург Автокоманда беа Трајковиќ, Трпевска и Кралева со осум гола додека од Гевгелија Димова Елена постигна три гола.
Со овој натпревар комплетирана е седмата рунда по која лидер останува Ѓорче Петров, пред Куманово, Вардар, Чаир, а Металург се врати на петата позиција.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 7.КОЛО
недела
МЕТАЛУРГ А. – ГЕВГЕЛИЈА 43:9
сабота
ДЕСПИНА – СКОПЈЕ 24-20
ПЕЛИСТЕР – АСТИБО 37-18
ВАРДАР – КУМАНОВО 24-25
СТРУЖАНКА – ШАМПИОН 39-33
СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 26-25
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 45-29
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Куманово 18, Вардар 16, Чаир 16, Металург Автокоманда 15, Стружанка 13, Пелистер 13…
Ивона Кимовска