Одбојкарките викендов го играат веќе 4.коло кое ни носи две дерби средби.
Едната ќе биде во борба за врвот, а другата за пробив во горниот дел на табелата.
На програмата денеска се играат сите четири средби од 4.коло. Во првото дерби кое започнува од 14 часот, Јанта Волеј е домаќин на непоразениот тим на Наковски Волеј од Струмица.
Второто дерби се игра исто така во Скопје каде ЖОК Вардар Ем игра со Младост УГД од Штип.
На другите средби, Фит Фан ќе се обиде да дојде до втората победа и да го изненади шампионот Работнички.
Во Струмица, домашниот состав на Струмица жени ќе игра против Вардар жени 2019 каде според досега прикажаното не би требало да има поголеми проблеми со тимот кој досега не се радуваше на победа во првенството.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО (сабота 4.11.2023)
14.00 ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
15.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ
16.30 ВАРДАР ЕМ – МЛАДОСТ УГД
19.30 СТРУМИЦА ЖЕНИ – ВАРДАР ЖЕНИ 2019
Табела: Наковски волеј 3-0, Струмица жени 3-0, Јанта волеј 2-1, Работнички Скопје 1-2, Фит фан волеј 1-2, Младост УГД 1-2, Вардар ЕМ 1-2, Вардар жени 0-3.
Во втората лига денеска на програмата се игра 3.коло. Непоразениот тим на Пелистер Волеј игра во Тетово против Универзитет во Тетово во дербито на колото.
Во второто дерби во Кичево играат Ускана Волеј и Фламинго Волеј од Скопје.
ВТОРА ЛИГА (ЖЕНИ) – 3.КОЛО (сабота 4.11.2023)
13.00 УСКАНА ВОЛЕЈ – ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ
16.00 ВИКТОРИ ВОЛЕЈ – ЖОК КУМАНОВО
17.00 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
17.00 БАМИ КОР – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА
19.30 ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА МАКС