Екипата на МКК Куманово ја оствари четвртата победа второлигашката конкуренција. Предводени од екс-селекторит Марин Докузовски кошаркарите на МКК Куманово го совладаа тимот на Ангели.

Во првата четвртина кумановци погодија три тројки со кои во 8.минута стигнаа до најгжвисоките +8 (18-10). На крајот на периодот домаќините да завршат со шест предност 18-12. Мал број на поени го одбележаа вториот период, па на полувреме резултатот гласеше 30-25 за домаќините.

По пет минути игра во вториот дел, кумановци за прв пат стигнаа до двоцифрена предност (43-33). Домаќините во два наврати имаа и +14 (47-33 и 51-37), предност со која влегоа во последната четвртина.

Таквата предност како и 13-те реализирани тројки им донесоа мирен крај на фаворитите кои славе со конечни 75-54.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО

среда

МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ 75-54

претходно одиграно

ШКУПИ – МЕГА БАСКЕТ 78:58

ТЕТЕКС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 61:91

РАБОТНИЧКИ 2 – СОКОЛИ 70:87

БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС 85:76

МАЏАРИ – КУМАНОВО 95:81

ТАБЕЛА: МКК Куманово 8 бодови, Шкупи 7, Соколи 7, Маџари 7, Водно Санс 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Ангели 6, Борец Баскет 6, Мега Баскет 5, Работнички 2018 5, Куманово 2009 Тетекс 4.