Во дуелот на лондонските екипи во осминафиналето од Карабао купот Вест Хем на домашен терен го победи Арсенал со 3:1 и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување. За популарните „топџии“ ова беше само втор пораз сезонава (пораз имаат од Ленс во ЛШ).

Вест Хем поведе по автоголот на Бен Вајт во 10.та минута, а натпреварот беше решен на стартот вториот дел. Најпрво Мохамед Кудус погоди за водство од 2:0, а Џерод Боувен десет минути подоцна зголеми на 3:0. Кога натпреварот беше решен во судиското надополнување на вториот дел капитенот на гостите Мартин Одегард го „ублажи“ поразот на 3:1.

Со оваа победа Вест Хем избори пласман во ТОП 8 екипите од Карабао купот.