Подмладување на ракометната машка репрезентацијата на Македонија е речиси готов процес.
Од поискусните (поводрасни) останаа голманот Митревски, пивотмените Пешевски и Марковски.
Но, нема само промени во играчкиот кадар, туку и во стручниот штаб.
Така на местото на Ице Соколески сега е ангажиран Нино Павелиќ кој ќе работи со голманите.
Тој е добро познат хрватски стручњак, кој беше помошник на Хорват во хрватската селекција, а работи со младите екипи на Нексе.
Во тимот на Лазаров секогаш ќе има место и за доскорешниот наш репрезентативец, Столе Стоилов.
,, За Столе секогаш вратата во репрезентацијата е отворена, кога и да посака тој. Јас разговарав со него.
Тој сега има обврски во својот клуб. За него секогаш има местото во националниот тим“,
изјави селекторот Лазаров.
Македонските ракометари денеска се собраа во Скопје, каде ќе одработат мини подготовки за двомечот со Грција.