Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен стигна до нова победа во Ф1 шампионатот оваа сезона и тоа на трката за ГН на Мексико.
Холанѓанецот иако тргна од третата позиција на стартот сепак на крајот се радуваше на нова победа. Уште во првиот круг го искористи сударот на Перез и Леклерк и успеа на крајот со сигурно возење да стигне до победата.
Верстапен стигна до својата 16-та победа во сезоната и само го подобри својот рекорд на победи во една сезона.
Втор заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет беше Леклерк од Ферари.
Четвртти беше Саинц, а петти на крајот заврши Норис кој стартуваше од 17-тата позиција.
Најдобрата 10-ка ја заокружуваат Расел, Рикардо, Пиастри, Албон и Окон.
Најбрзиот круг на трката го имаше Луис Хамилтон кој си освои уште еден бод.
Верстапен води со 491 бод, пред Перез со 240 и Хамилтон со 220 бода.
Следната трка се вози веќе наредниот викенд на 5 ноември кога на програмата е трката за ГН на Бразил на патеката во Сао Паоло.