Дерби натпреварот на Меаца помеѓу Интер и Рома му припадна на домашниот тим кој со минимални 1:0 ја совлада Рома.
Во пеколна атмосфера каде 70 000 публика на “нож” го пречека Ромелу Лукаку домашната екипа на Симоне Инзаги подобро се снајде и со гол во финишот дојде до посакуваните три бода.
Победничкиот гол за Нероаѕурите го постигна Маркус Турам кој во 80-тата минута го искористи одличното додавање на Ди Марко и го матираше Руи Патрисо.
Со ова победа Интер се врати на лидерската позиција на табелата, додека пак Рома остана на осмата позиција