Избраниците на Јурген Клоп обезбедија сигурна победа пред своите фанови на „Енфилд“ совладувајќи го Нотингем Форест со 3:0.
Доминантноста на Ливерпул во првиот дел ја „награди“ Диого Жота во 31-та минута, кој биеше за 1:0.
Четири минути подоцна (35-тата минута), Дарвин Нунез прецизно ја заврши прекрасната акција на Ливерпул за 2:0.
„Црвените“ во второто полувреме ја продолжија иницијативата.
Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах зголеми на 3:0 во 77-та минута и го постави конечниот резултат на овој натпревар.
Ова за Ливерпул беше петта победа во низа на „Енфилд“ оваа сезона.