Во кошаркарската Втора лига се играат натпреварите од четвртото коло.

Во првите две средби, убедливи победи остварија екипите на Шкупи и МЗТ Скопје У.Б. 

Чаирчани ја искористија предноста на домашниот терен и до својот трет триумф сезонава, стигнаа против прилепски Мега Баскет кого го совладаа со 78-58. Со оваа победа тимот на Шкупи избива на 1.место на табелата, барем до настапите на досега не поразените Водно Санс и МКК Куманово. 

Во Тетово, повратникот во второлигашката конкуренција Тетекс го претрпе и четвртиот пораз. Тетовци беа надиграни од вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. со убедливи 30 разлика 61-91. За составот на МЗТ ова беше втората победа. 

Денеска ќе се играат три натпревари. 

Програмата ја отвораат вториот тим на Работнички и штипски Соколи со натпреварот што ќе се игра во салата „Градски Парк“ во Скопје. 

Во Велес, кај Борец Баскет екипата на Водно Санс ќе атакува на четвртатата победа, додека новајлијата Маџари е апсолутен фаворит во дуелот со Куманово 2009 кој досега не знае за победа. 

Колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот МКК Куманово – Ангели. 

Натпреварите од Втората лига може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
недела
16.00 РАБОТНИЧКИ 2 – СОКОЛИ
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС
20.00 МАЏАРИ – КУМАНОВО 2009
одиграно вчера (сабота)
ШКУПИ – МЕГА БАСКЕТ 78-58
ТЕТЕКС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 61-91
среда
20.00 МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ОД ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА