Хорхе Мартин од Прамак Дукати стигна до нова победа на спринт трките во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот беше најбрз на патеката во Тајланд пред Бред Биндер од КТМ и Лука Марини од ВР46 тимот на Дукати.
Така Шпанецот уште еднаш покажа дека е крал на спринт трките во најсилната класа и на тој начин ја намали предноста на Бањаја на само 18 поени во пласманот на возачите.
Во Тајланд Мартин стигна до петатта спринт победа оваа сезона.
Четвртото место му припадна на Марк Маркез од Репсол Хонда, па следуваат Алеиш Еспаргаро, Марко Бецеки, Бањаја, Алекс Маркез, Зарко и Џек Милер до 10-тото место.
Па така во генералниот пласман сега Бањаја е прв со 369 бода, Мартин е втор со 351, а трет е Бецеки со 297 бода.
Трката за ГН на Тајланд се вози утре со почеток од 09 часот по македонско време.