Пет од шесте натпреварот од 5.коло на Првата машка лига се играат денеска и тоа во исто време.

Терминот од 18 часот го пријавија речиси сите тимови домаќини во оваа рунда.

Најинтересно се очекува да биде во празната сала на СЦ „Јане Сандански“. Имено поради казната од претходниот меч, шампионот МЗТ Скопје Аеродром дуелот со Еуро Никел ќе го игра пред празни трибини.

Ова е натпревар на две од четирите екипи кои досега собраа по седум бодови и имаат „скор“ 3-1 (победи-порази).

Публика ќе има во малата сала на СЦ „Кале“, но под голема контрола. Поради најавеното присуство на две навивачки групи, дуелот меѓу Вардар – Работнички е прогласен за „натпревар од висок ризик“.

Публика ќе има во Гостивар, Гевгелија и Битола каде само мечот во салата „Боро Чурлевски“ ќе започне половина час подоцна.

Еден натпревар (во Кисела Вода) ќе биде одигран утре.

Сите натпревари можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
сабота
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ЕУРО НИКЕЛ
18.00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
18.00 КОЖУВ – ТФТ МОЦАРТ
18.00 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
18.30 ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
недела
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР

ТАБЕЛА: Еуро Никел 7 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 7, ТФТ Моцарт 7, Феникс 6, Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 6, Гостивар 6, Кожув 5, Охрид 5, Навико Академија ФМП 4;