Иако екипата на Вардар резултатски беше поразена од лутиот ривал Еурофарм Пелистер, сепак вардарци слават. 

Тие остануваат прво пласирани во „Б“ групата, а тој пласман ќе им донесе бод повеќе во однос на Пелистерци. 

И по овој натпревар како и по првиот во Скопје кој Вардар го доби со пет гола разлика, порака упати легендарниот вардаров голман Борко Ристовски.

Борко сега ја има улогата на Извршен директор на црвено-црните, на својот Инстаграм профил, со „победничкото“ селфи порача

Секогаш … ама СЕКОГАШ да се верувате на тим, екипа која го остава срцето на терен!
Еден живот, една љубов !! 

ПО ПОБЕДАТА НАД ПЕЛИСТЕР ПОРАКА ОД БОРКО РИСТОВСКИ