Јувентус го доби дербито од 9.коло на Серија А, совладувајќи го Милан со 1:0 на гостински терен.
Во првиот дел иако имаше повеќе шанси на двете страни, сепак мрежите мируваа.
Клучниот момент се случи во 40-тата минута. Домаќините од тој момент останаа со играч помалку откако Белгиецот, Малик Тиав заработи директен црвен картон.
Во 63.минута по ударот од далечина на Мануел Локатели, топката кон голот ја зафати Круниќ и го изненади својот голман.
Немаше сили Милан да стигне до израмнување, па Јувентус ги освои трите бода.
„Старата дама“ останува зад Милан на 3.место на табелата, со бод помалку.
Лидерот Интер има 22, Милан 21, а Јувентус 20 бодови по деветте одиграни натпревари.